fbpx
8 C
Skopje

Се тресе Западна Македонија, земјотрес на повеќе места

АКТУЕЛНО

Во 20 часот и 56 минути Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 km западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.2.

Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.

Земјотрес со идентична магнитуда беше регистриран и во саботата напладне, а епицентарот беше утврден на седум километри од Тетово, исто така, во Полошкиот регион.

Извор: Скопје1

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -