22 C
Skopje

Се видел на кутија од цигари: Започнал со хемотерапија, потпишал документи, иако не знае ниту да чита

АКТУЕЛНО

Хенал Барето Родригез (74) останал изненаден откако купил кутија со цигари и сфатил дека го гледа своето лице. Без негова дозвола Министерството за здравство и Институтот за превенција од рак ја искористиле неговата фотограија и ја ставиле на кутија цигари.

На овој 74-годишен Колумбиец во 2005 година му бил дијагностициран канцер, а во една прилика при еден третман на хемотерапија му прише медицински сестри и го замолиле да им дозволи да го фотографираат.

-Едни медицински сестри дојдоа кај мене и ми рекоа дека во однос на останатите болни, јас сум најдобар за фотографирање, -раскажува Родригез за ситуацијата во која настанала и фотографијата, која подоцна се наоѓа на кутии за цигари. Му донеле и хартии и побарале од него да се потпише, иако пациентот воопшто не знаел да чита.

Колумбиецот тврди дека воопшто не пушти и дека ракот на белите дробови не го добил од цигару туку од вирус кој го нападнал неговото тело, а верува дека фотографијата која кружи во кампања создава лоша слика за него. Соседите ме нарекуваат „човек-цигара“, а тоа воопшто не ми се допаѓа, вели тој.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -