fbpx
20.8 C
Skopje

Сејдини уверува неmа да дозволи ниkој по било која цена која што е надвор од фудбалот да ја наруши прекрасната атмосфера што владее во репрезентацијата

АКТУЕЛНО

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини преку својот фејсбук профил и се обрати на јавноста, после серијата критики на негова сметка за мешање во изборот на официјална химна за Европското првенство во фудбал и за лошите односи со репрезентативците и стручниот штаб.

,,Обично практикувам да комуницирам со Вас секогаш кога најавуваме нови проекти, успеси и информации што значат промоција на македонскиот фудбал, особено во периодот кога ја живееме нашата долгоочекувана фудбалска бајка што е и единствено очекувано да се прави.
Во една прилика јавно кажав: „Ако државата функционира како фудбалската репрезентација на Македонија, тоа ќе биде добро за сите”

Тоа го мислам и денес, но принуден сум овој пат да се обратам до сите Вас по повод пишувањата на одредени медиуми за мојот однос со селекторот на репрезентацијата.
Се обидувам, но никако не можам да ја разберам потребата за новинарски сензации и наслови кои никому не му одат во прилог, а кои се целосно невистинити и најостро ги демантирам.

Јас, Муамед Сејдини, потполно сум убеден дека во моментот ја имаме најдобрата генерација македонски фудбалери, генерација која го постигна најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал и верувајте, ќе продолжат уште повеќе да не радуваат сите нас.
Ваквото мислење го имав и во текот на квалификациите за Европското првенство во јуни – септември 2019, кога голем број спортски работници и јавноста бараа смена на селекторот во периодот кога игравме со Израел, Полска, Австрија, а немавме добри резултати.

Но, јас верувам во континуитет и верувам дека брзите одлуки не се добри решенија. Цврсто стојам на ставот дека за секој успех треба и време и многу работа. Се потврди дека тоа е исправно. На радост на сите нас, резултатите дојдоа после две години.
Тогаш бев цел на критики од јавноста, критиките ги трпам и сега, но сето тоа вреди кога имате искрена цел пред себе и единствено за што размислувате е успехот.
Оваа Македонија е моќна и наша цел е континуиран настап на големите натпреварувања. На добар пат сме тоа да го постигнеме.
Апсолутно не очекувам никој мене лично да ме пофали за истото, бидејќи јас ниту асистирам, ниту постигнувам голови, ниту правам тактика за натпреварите.Тоа го прават нашите златни момци и стручниот штаб.
Ве уверувам, нема да дозволам никој по било која цена која што е надвор од фудбалот да ја наруши прекрасната атмосфера што владее во репрезентацијата.Тоа е моја должност и обврска. Да го зачуваме тоа што сите нас не прави среќни, горди и радосни” – напиша меѓудругото Сејдини на својот фејсбук профил.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -