fbpx
18.8 C
Skopje

Секој втор ден во Делчево по еден жител завршува на лекар поради крлежи

АКТУЕЛНО

Крлежите повторно демнат во Делчевско. Во Итната едицинска служба за неполн  месец се третирани 15-тина  пациенти со крлежи.

  • Имаме пациенти со убод од рана од крлеж сте се овде санирани и се во општа здавствена состојба, потврди м-р д-р Гоце Стојменосвки, рак на Итна медицинска служба Делчево.

Шумскиот крлеж кој е најраспространет во овој регион  го има кај ниските растенија , но и кај стоката, а како паразит може да пренесе болести и да предизвика сериозни здравствени проеблеми.

  • Крлежите поседуваат токсини кои човекот можат да го доведат во животозагрозувачка состојба, потенцира м-р д-р Стојменовски .

72-годишниот стравствен рибар од Делчево, Благој имал блиска средба со овој паразит.

  • Мене еден на грбот ме имаше изедено и уште ме чеша, крлежите ги има најмногу кај говедата, на поле, секаде кадешто јас одам, кажа Благој Костадинв.

Делчевци знаат дека крлежите се опасни.

  • Не треба сами да се вадат, тоа е опасна работа, вели жител на Делчево.

Во таа насока е и апелот на лекарите:

  • Секој кој ќе забележи убодна рана навреме да се јави на лекар и да не се обидуваат сами да ги вадат, дециден е м-р д-р Стојменовски.

Крлежите се пајаковидни членконоги со големина од 1-5 мм и се хранат од крвта на домаќинот,а се преносители на лајмска болест, крлежен менингоенцефатлитис и ерихолоза. Сепак, статистиката вели дека мал е ризикот од зараза при убод на крлежи, но значајно е навременото и правилно отстранување на овој паразит од човечкото тело.

 

Извор: ТВ Стар

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -