fbpx
-3 C
Skopje

Секс, ислам и дволичност

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Ако мислите дека им било тешко на жртвите отворено да го обвинат Харви Вајнстин за силување, замислете си колку потешко е да биде обвиненет исламскиот теолог Тарик Рамадан. Минатиот месец две Французинки одлучија да го тужат Рамадан за силување и сексуално малтретирање, инспирирани од огромната реакција во Франција на кампањата #MeToo.

Една од жените, Ханда Ајари, јавно го обвини Тарик.

Втората им опиша што и се случило на новинарите, но одлучи да остане анонимна. И тоа не е случајно: на Ханда Ајари требаше да побара помош, откако стана мета на жестока кампања од навреди и клевети.

Тие напади се  дело главно на муслимански екстремисти. Рамадан е внук на основачот на Муслиманското братство и ги отфрла обвинувањата.

Тарик Рамадан, (55 г.), е роден во Швајцарија. Во моментов е на одмор од Оксфордскиот универзитет, каде што предава современи исламски студии, оддел финансиран од Катар. Рамадан е истакната личност во интелектуалната и религиозната исламска елита на Франција.

Она што ги охрабрува жртвите е фактот дека и тие, исто како него, се исламски вернички. Но самиот факт дека тие поминувале време насамо со него, според строгите догми на верата, значи дека ги прекршиле принципите на скромноста кои жените се должни да ги почитуваат.

Сексуалната револуција, што ги ослободи жените на Запад во XX век, допрва треба да се случи во поголемиот дел од муслиманскиот свет.

Сепак, можеме да го видиме почетокот, шест години по срушените надежи за арапските револуции. Барем во Северна Африка и во арапските заедници во Франција бунтот на жените почнува полека да дава плодови. Тунис е единствената арапска држава која не и го сврте грбот на Арапската пролет и ги уништи препреките.

На арапски зборот „револуција“ значи „виор“, вели филмската режисерка од Тунис, Каутер Бен Хани пред француското државно радио France-International. “Револуцијата менува сè и одеднаш почнуваме да зборуваме за сè, за што за време на диктатурата не зборувавме. Никогаш не би можела да направам овој филм пред револуцијата.”

Се работи за филмот “Убавицата и кучињата”. Тоа е болната историја на 20-годишна студентка, силувана од двајца полицајци во Тунис, откако била фатена од нив да се шета со своето момче на плажа во текот на ноќта. Филмот раскажува за ноќта во која студентката Миријам упорно се обидува да поднесе поплака за стореното грозно дело и бара лекар да ја прегледа, додека други полицајци бараат од неа да раскаже што и се случило.

40-годишната Бен Хани е една од неколкуте арапски жени кои сега го креваат својот глас, против сексуалните престапи во Северна Африка и Франција. Нападот за време на новогодишната ноќ, од страна на арапски мигранти против една Германка во Келн во 2016, го открија она што алжирскиот писател и колумнист Камел Дауд го опишува како “сексуалната несреќа на арапскиот свет.”

Неговиот критичен текст на таа тема, објавен во Le Monde и The New York Times, шокираше група француски научници кои го обвинија дека користел “ориенталски клишеа.” Но кога се појави и видео на млада жена подложена на сексуално вознемирување од група тинејџери во автобус во Казабланка, Мароко, овие научници веќе не беа толку гласни.

Тие исто така не кажаа ниту збор, кога минатата година мароканската актерка Лубна Абидар побара азил во Франција, откако доби закани за убиство поради нејзината улога во “Многу сакана” – француско-марокански филм за проститутки, кој е забранет во Мароко .

Со доаѓањето на повеќе жени во Франција, Швајцарија и Белгија, кои го обвинуваат Тарик Рамадан во сексуална злоупотреба се открива сликата на доминацијата, наметната од влијателниот исламски теолог, кој истовремено е и омилен лик на некои левичарски француски интелектуалци и телевизиски лица.

Неговиот најголем непријател – француската феминиска и писателка Каролин Фурест вели дека некои од жртвите се поврзале со неа, но таа не успеала да ги убеди да поднесат формална жалба пред властите.

Бернард Годар, поранешен службеник во француското Министерство за внатрешни работи, е еден од главните експерти во сферата на сексуалните престапи. Годар коментира пред француското списание L’Obs дека слушнал дека Тарик Рамадан има “љубовници“, дека давал консултации на сајтови со експлицитна содржина и дека злоставувал девојчиња.

Сепак, Годар признава дека бил “погоден” од најновите обвиненија за силување. “Никогаш не сум слушнал за силувањата”, вели тој.

Двојниот живот е позната тема која е разгледана во детали во книгата – “Секс и лаги: сексуалниот живот во Мароко”. Напишана е од француско-мароканската писателка Леила Слимани. Слимани искористила една своја турнеја во Мароко околу издавањето на книгата, за да интервјуира различни жени за сексот, мажите, нивните семејства, жените, религијата и начинот на облекување.

Светот кој тие го опишуваат, е свет на лицемерие, каде што надворешната поза и реалноста се во постојан конфликт, каде сексот е извор на срам, но сите мислат за него.

Каде култот на невиноста – баран само од жените – ги тера забулени девојки да ги преферираат аналниот и оралниот секс, за да ја зачуваат својата невиност, или пак плаќаат за хименопластика пред склучување на брак.

Тие раскажуваат пред Слимани за шизофреничкото општество, растргнато меѓу послушноста и гревот, каде законот го забранува сексот надвор од бракот, но сите го прават – тајно.

Ироничното е тоа што, овој свет на верската догма за сексуалноста некогаш бил многу различен. Пред десетина века арапскиот еротизам, напишан од високи верски личности, како и софистицираните секс речници, го шокирале Западот. Во 60-тите години, жените носеле, кратки сукни во Кабул и Тунис.

Сега тие само сакаат да можат слободно да одлучуваат кои се и што се, што да облечат, кого и кога да го засакаат. И не си прават илузии – во средината на која живеат, тоа е екстремно политичко барање.

По материјали на New York Times

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Најново: Во Грција ќе можат да влезат и неваkцинираните

Прочитај во продолжение Во никој случај нема да биде услов за некој да влезе во Грција, да мора претходно да прими вакцина, потенцираше министерот за...

Ви излезе жицата од градниkот – немојте да ја фрлате, секоја жена треба да го знае овој трик

Ако носите градници со жица, сигурно некогаш сте биле негрвозни откако жицата ќе ви излезе од градникот. Иако некои дами често таа жица веднаш ја...

Променила само една навиkа и ослабела 20 килограми: Дру Баримор открила како ја довела линијата до совршенство

На 45 години може да се пофали со совршена фигура, но патот до совршена линија не бил воопшто лесен, како што признава и самата. „Како...

Северина во чест на новиот претседател на САД: Слиkи кои kренаа голема прашина

Од денес САД имаат нов претседател – Џо Бајден. Последниот ден на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа истече и сега во неа...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...
- Advertisement -