fbpx
19 C
Skopje

Сексуално злоупотребени деца во Штип и Гевгелија

АКТУЕЛНО

Два нови случаи на сексуално злоупотребување врз деца кои немаат наполнето ниту 14 години се откриени во Штип односно Гевгелија, информираа од МВР:

Поднесена е кривична пријава против шеснаесетгодишник од Штип кој оваа година во февруари, во својот дом со употреба на физичка сила извршил полово дејство врз девојче на четиринаесегодишна возраст во Штип, со кое бил во љубовна врска.

Во Гевгелија пак исто така е поднесена кривична пријава против И.А. (27) кој пред само неколку денови во својот дом извршил полови дејства врз малолетник исто така од Гевгелија.

Двата случаи во МВР биле пријавени од родителите на злоупотребените деца, кои дознале од своите деца истите биле под закани.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -