fbpx
21.8 C
Skopje

Села: Премиерот треба да го признае фактот дека референдумот е неуспешен

АКТУЕЛНО

Премиерот треба да го признае фактот дека потфрли. Тоа е горчливата реалност на референдумот. Од правен аспект не успеа, изјави Зијадин Села при гостување на дебатна емисија на национална телевизија.

-Што ако утре некој друг организира референдум за да го прекине овој пат кон НАТО и ЕУ, зборуваме хипотетички, затоа што и вие вака ја поставивте тезата. И не 600.000 туку ќе излезат 451.000 гласачи кои ќе кажат да, ние сакаме да се изолираме. Тогаш, што ќе биде успешно, запраша Села.

Села нагласи дека ако би излегле уште 300.000 да гласаат ПРОТИВ, тогаш резултатот ќе беше успешен, референдумот ќе беше успешен.

-Вистина е дека од правен аспект референдумот не успеа. Законите се за да се почитуваат. Ако не се добри ќе се сменат. Но повторно од тој момент треба да се почитуваат затоа што после создава штетен и погрешен преседан, посочи тој.

Претходно Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“е песимист дека во Парламентот може да се постигне договор за уставни измени и го отфрли предлогот за заеднички листи со СДСМ.

-Не можете да барате од нас да влеземе во коалиција со луѓе кои ни забија нож во грбот и тоа пред само 5-6 месеци. Сега барате јас да одам во предизборна коалиција со Зоран Заев.

Ве молам. Ова не е лично прашање, рече Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -