fbpx
6.8 C
Skopje

Селаковиќ: Им благодариме на Русија за помошта, го очекуваме Путин

АКТУЕЛНО

Денеска во Москва, српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ изрази благодарност до Русија за нејзината принципиелна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, како и за решавањето на прашањето за Косово и Метохија преку мирни, дипломатски средства, преку дијалог, за кој се залага официјален Белград.

„Се надеваме дека оваа средба не е само можност за размена на мислења и ставови за прашања важни за нас, туку и средба што ќе придонесе за подготовка и евентуална посета на рускиот претседател Владимир Путин на Србија оваа година“, рече Селаковиќ на заедничка конференција со Лавров.

Селаковиќ истакна дека му било чест да се сретне денес во Москва со неговиот руски колега, четири месеци по состанокот во Белград. Тој кажа дека рускиот колега е пријател на Србија и српскиот народ.

Тој рече дека оваа средба на високо ниво, како и другите состаноци на официјални претставници на Србија и Русија на највисоко ниво, се добар показател и сведоштво за искрени, отворени, пријателски односи меѓу двете земји, кои имаат долга традиција.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -