Семејството на 37 годишната родилка која го загуби животот на клиниката во Скопје обвинува дека не била соодветно третирана во оделот за гинекологија во охридската општа болница. И покрај тоа што имала болки неколку дена наназад и побарала помош била враќана со образложение дека има време до породувањето.
Кога пристигнала во критична состојба и било направено ехо и веднаш била препратена на клиника во Скoпје.