Нови 1.000 хуманитарни пакети со основни продукти за социјално загрозени граѓани во општината со најмногу заболени граѓани-Куманово достави денеска семејството Заеви преку општинскиот кризен штаб.
Според информациите на Centar.mk досега се поделени над 6.000 вакви хуманитарни пакети до повеќе општински кризни штабови во државава, кои понатаму, преку волонтерите се доставуваат до граѓаните на кои помошта им е неопходна.
Во општина Струмица веќе се поделени 1.400 пакети, во населените места на територијата на Скопје околу 2.000 хуманитарни пакети, 700 во Куманово и Дебар а останатите во Струга и Центар Жупа.
Делењето на помошта се спроведува на соодветен начин, од страна на општинските кризни штабови, преку своите волонтери согласно мерките и препораките за заштита.