Сте биле во Мароко до сега? Дури и да сте биле, ќе ви дадеме уште една причина да се вратите таму – библиотеката Ал Карауин, во мароканскиот град Фес, која е најстарата библиотека во светот, после стотици години заборав, во текот на 2016 година е реновирана и ќе биде пуштена во повторна употреба за сите љубители на книгите. Основана е во 859 г. и нејзината старост трае повеќе од 12 века.
Ентериерот на комплексот е впечатлив, со прекрасни бели арки и музаи во арапски стил.
Во текот на 2012 г. мароканското министерство за култура, одлучи да направи план за нејзино обновување односно нејзина реконструкција. Главната причина за ова е огромната колекција на религиозни текстови, кои сигурно но бавно се уништувале од преголемата топлина. Реконструкцијата на најстарата библиотека во светот и беше доверена на мароканската архитектка Азиза Чауни. По нејзината реконструкција библиотеката ќе го зачува нејзиниот автентичен дух, но ќе бидат направени позитивни промени во поглед на технологијата. Климатизација, современа лабараторија во која работи екипа на вистински специјалисти во нивната област, модерен систем на заклучување со дактилоскопирање односно постапка со која се врши идентификација на лицата кои влегуваат и излегуваат од библиотеката, се само дел од новитетите кои ги донесе реконструкцијата на оваа прекрасна библиотека.
Раководството на Кизан Ал Карауин не може да постигне консензус за едно многу важно прашање – дали библиотеката да остане отворена единствено за ученици, како што била досега или да биде достапна и отворена за масовната публика која сака да го посети овој прекрасен објект. Отварањето на библиотеката беше планирано за летото 2016 година, но нејзиното реновирање се одложи при што новиот почеток се очекува да биде во текот на оваа година.
Погледнете слики од најстарата библиотека во светот, а доколку сте љубител на книги тогаш 2017 е вистинскиот период кога ќе имате шанса да ја посетите оваа неверојатна библиотека во своето ново издание.