fbpx
2.8 C
Skopje

Сепак, без милост! УЕФА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ГВАРДИОЛА!

АКТУЕЛНО

Дисциплинска комисија на УЕФА донесе одлука за казнување на клубовите по повод нередите на средбите од нокаут – фазата на европското натпреварување, „Лига на шампиони“ и „Европска лига“. Најпроблематична беше средбата меѓу Ливерпул и Сити во четвртфиналето од ЛШ.

Во првиот натпревар на Енфилд на кој Ливерпул победија со 3:0 навивачите на Ливерпул правеа нереди на трибините и предизвикаа материјална штета на автобусот со кој играчите на Сити дојдоа на фудбалскиот натпревар, па УЕФА го казни клубот со 20 илјади евра.

За средбата на Етихад Ливерпул е казнет со шест илјади евра поради помали проблеми и нереди, но главната улога во тој случај ја доби Пеп Гвардиола, кој во текот на натпревар е испратен на трибините поради приговор на судијата, а потоа и по натпреварот го коментираше судењето, нешто што УЕФА не толерира.

Шпанскиот стратег е казнет со два натпревари во европските натпреварувања на кои нема да може да го води Сити, меѓутоа само еден натпревар, од две, ќе пропушти во наредната сезона.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -