fbpx
24.8 C
Skopje

Северниот сосед ја загуби битката: Вучиќ го призна српскиот пораз од Косово

АКТУЕЛНО

Лидерот на Српската напредна партија, воедно и претседател на Србија, Александар Вучиќ се обратил пред своите сопартијци, истакнувајќи дека неговата политика за Косово и Метохија доживеала огромен пораз.

Според него, Србите повеќе сакаат да кукаат и да плачат за нешто што е многу далечно, наместо да имаат нешто во своите раце.

„Дали ќе имаме нова шанса? Се плашам дека ќе немаме, но ќе се бориме уште посилно за народот на КиМ“, истакнал Вучиќ, пренесува „Политика.рс“.

Во своето обраќање српскиот претседател се обиде да даде објаснување за својот последен говор при посетата на северниот дел на Косово, за што рече дека тоа е политика на дисконтинуитет, со таа што ја водеше Слободан Милошевиќ, пренесува „Данас“.

„Тоа никој не го забележа во земјата и регионот, затоа што им е потребна лоша и кавгаџиска Србија, која ќе се заканува со војни. Србија ќе ги освојува регионот и светот со молив и лаптоп. Ние ќе го зачуваме мирот на КиМ, а се надевам сѐ ќе биде добро и со Република Српска и нашиот народ во Босна и Херцеговина“, нагласил Вучиќ.

Тој им порача тој на партиските членови дека во последните пет години Србија успеа да го врати косовското прашање на маса, кое било ставено ад акта. Косово е независно и во прашање е само денот кога сите Срби ќе го прифатат тоа. Таму не живее Србија и заборавете на Косово и Метохија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -