fbpx
11.8 C
Skopje

СГС си лапна тендер од Агенција за електронски коминикации

АКТУЕЛНО

Друштвото за услуги „Секјурити груп ервис ДООЕЛ“ од Скопје е избранo за најповолен понудувач на тендерот што го објави Агенцијата за електронски комуникации за услуги за обезбедување имот и лица, објави порталот Макфакс.

Станува збор за двегодишен договор за обезбедување, а СГС понудила најниска цена. Проценетатa вредност на договорот без ДДВ е 15 милиони денари или приближно 244 илјади евра.

Во техничката спецификација пишува дека СГС за тој износ треба да ги обезбедува дирекцијата на АЕК во Скопје и контролно-мерните центри во Битола, Штип и на Зајчев Рид со 24 часа физичко обезбедување и видеонадзор со 20 извршители.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -