fbpx
21.8 C
Skopje

Шахпаска: Нема од што да се плашам, немам полициско обезбедување

АКТУЕЛНО

Пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, изјави дека нема од што да се плаши и дека таа не побарала полициско обезбедување, откако во средата во тензична атмосфера беше изгласан законот за јазиците- пишува Макфакс.

„Нема од што да се плашам, не барав, ниту имам полициско обезбедување. Ние веруваме во едно општество за сите. Немавме никакви препораки да седиме дома, јас немам од што да се плашам. Два дена останав во Скопје, а баш вчера бев и на кафе со колешки“, вели Шахпаска по информациите дека некои од пратениците имале препораки да седат дома и по палењето на автомобилот на пратеничка од парламентарното мнозинство.

Шахпаска вели дека не стравува ниту од евентуално губење на препоракта за преговори со Европската Унија бидејќи за процедурата за носење на законите е надлежен Талат Џафери, а препораката за опточнување на преговорите со ЕУ зависи од исполнување на условите.

Таа рече дека Иванов е должен да го потпише указот за законот за јазиците според члено 75 од Уставот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -