7 C
Skopje

Шампионот Вардар поразен во Скопје

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

ШАМПИОНОТ ПОРАЗЕН ВО СКОПЈЕ

Во дербито на 9-тото коло од 1 МФЛ Вардар загуби од Шкендија во Скопје со резултат 1:5.

Почетните минути од натпреварот му припаднаа на домаќинот, Вардар ја имаше иницијативата па во 11-тата минута Попзлатанов по убаво нафрлената топка од десната страна стрелаше за водство на Вардар од 1:0, во 14тата минута Дориев беше непрецизен од волеј за Шкендија, а Рамадани со удар од далечина израмни во 15-тата минута на 1:1. Во продолжение Мицевски биеше непрецизно, а во 22-рата минута Бесарт Ибраими заработи жолт картон поради симулирање пенал.

Кога се мислеше дека првото полувреме ќе заврши нерешено и покрај благата иницијатива на Вардар, Незири пред крајот на полувремето донесе водство за Шкендија со резултат 1:2, по што следуваше убав шут и на Мицески кој беше непрецизен, по што се отиде на пауза. И покрај добро одиграното прво полувреме во второто полувреме до израз дојде ранливата одбрана на Вардар, па гостите од Тетово лесно правеа шанси за во 61-вата по една убава акција Бесарт Ибраими да зголеми на 1:3.

По третиот гол на гостите освен спорадични закани од домаќините не видовме ништо конкретно, а гостите лесно доаѓаа до гол позиција од контранапади па така Енур Тотре погоди за 1:4, а конечните 1:5 за Шкендија ги постави Ахмеди од пенал.

Во следното коло Вардар е домаќин на Ренова, а Шкендија го пречекува Работнички

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -