fbpx
18.8 C
Skopje

Шарените „револуционери“ ќе го тужат Груевски за навреда и клевета

АКТУЕЛНО

На социјалните мрежи се формира група од граѓански активисти, учесници во протестите на „Шарената револуција“. Тие најавуваат дека по вчерашните навреди ќе поднесат тужба против лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Станува збор за повеќе од 1.200 активисти досега кои се дел од Фејсбук групата наречена „Тужители“. Но цело време се најавуваат и нови кои сакаат да се придружат на тужбата.

Тие ќе ангажираат адвокат кој ќе ги застапува, а ќе го тужат Груевски за клевета и навреда.

Тужбата против Груевски следува откако тој ги нарече „уличари“ и „послушници на Заев“ учесниците на протестите што се одржаа против одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на сите политичари.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -