fbpx
-3 C
Skopje

Шефот на македонската дипломатија: Постојат разлики во позициите на Македонија и Грција

АКТУЕЛНО

Екс премиерот Љубчо Георгиевски: Заев радикално влегол во зближување со Бугарија и за тоа треба да се награди македонската влада со почеток на преговорите...

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека во Бугарија секој става акцент на нешто повеќе. „Таму има големо негативно...

Љубчо Георгиевски: Бугарите немаат чувство за тоа што се случува кај нас, ветото е одземање на перспективата не само на Македонците

Љубчо Георгиевски вечерва во „Клик Плус“ ја коментираше изјвата на Али Ахмети дека „Албанците треба да застанат рамо до рамо со Македонците“ за спорот...

Јоци: Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази

Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази - ,,едно општество за сите". Се...

Првиот човек на МВР потврди: Спасовски вели дека полицискиот час е опција доколку се случи да има прогрес на пандемијата

Досега не е прелдожена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период –...

Македонија и Грција размениле Нацрт-спогодби за доближување на ставовите за името. Грција документот го доставила пред неколку денови, додека Македонија, преку претставник на министерството за надворешни, тој предлог до официјална Атина го испратила денес.

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров вели дека документот кој пристигнал од Атина е предмет на анализа, не сакаше да открие детали од него, но вели дека постојат разлики во позициите.

„Грчката нацрт-спогодба е предмет на анализа во овој период. Не сум убеден дека ќе биде корисно да коментирам за содржината, секогаш кога говориме преку медиумите работата се компликува. Можеби е чесно да кажам дека има разлики и се надеваме дека ако мислиме на една цел ќе успееме да ги надминеме тие разлики“, порача Димитров.

За Нацрт-спогодбата говореше и премиерот Заев кој вели дека во неа има повеќе меѓународни формулации во делот за името, употребата, идентитетските прашања, кодовите.

Меѓутоа вели дека нема ништо ново од последната средба во Виена, односно нема помрднување на позициите и затоа ништо не може да биде ставено во документ.

Прашан како ги коментира информациите кои пристигнуваат од Москва, која повторно отворено се противи на влезот на Македонија во НАТО Алијансата, Заев вели дека тоа воопшто не треба да ги наруши односите меѓу Македонија и Русија.

„Уште од 1993 година со заедничка декларација во Парламентот Македонија ги има потврдено своите стратешки приоритети. Тоа се ЕУ и НАТО интеграциите, што е и определба на огромното мнозинство над 75 проценти од граѓани на РМ. Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е многу важно за Македонија, но и за целиот регион. Тоа не е спротивно со унапредувањето на соработката со Руската Федерација, затоа што Македонија во своите стратешки цели го има и унапредувањето на соработката со Русија, пред се на економски, културен, образовен план“, порача Заев.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во дводневна посета во Скопје ќе допатува во четврток. По една недела Димитров и Коѕијас во Виена ќе седнат на нова рунда преговори со медијаторот Метју Нимиц. Тогаш се очекува Македонија да одговори на грчката нацрт-спогодба за која засега пред јавноста не се изнесуваат детали.

https://www.youtube.com/watch?v=Ywoe-kQjOts

Извор – ТВ21тв

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Вакцината против ковид ќе биде задолжителна за сите што сакаат да летаат со авион

Извршниот директор на авиокомпанијата „Квантас“ (Qantas), Алан Џојс, изјавил дека луѓето кои ќе сакаат да летаат со нивната компанија, ќе мора да докажат дека...

Joванka не беше единствената љубов на Тито: Еве во кој бил заљубен маршалот

Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија денеска се славело Ден на младоста и роденденот на претседателот Јосип Броз Тито. За политичките потези на поранешниот лидер...

Банките ќе ги исплаќаат пензиите од 26 ноември

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското...

100 илјади долари за еден биткоин? Инвеститорите очекуваат златна треска

Биткоинот да расте пет пати годишно и да достигне 100 000 американски долари? Звучи скоро скандалозно, но ова е реална прогноза на некои големи...

Why is Switzerland the best country in the world?

What makes Switzerland such a good country? They are rich Depending on whose estimates you trust, Switzerland ranks eighth or ninth in the world when...
- Advertisement -