fbpx
4 C
Skopje

Шекеринска: Ова ќе биде двојна историска година – и членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ

АКТУЕЛНО

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Целта ќе ни биде што е можно подиректно, со целосно почитување на мерките за заштита да допреме до што е можно поголем круг луѓе, но нема да играме со здравјето на граѓаните, вели Шекеринска за Канал 5.

Кампањата зависи од учесниците и никој не може да зборува за другите. Нашиот став, нашите политики и навики во целиот изминат период биле да покажеме дек нашата држава може да организира фер и демократски избори и тоа веќе го направивме и на претседателските и на локалните избори, ја извадивме државата од групата на земји во кои сите избори беа доживувани како фарса. И тоа првата наша обврска и втората обврска како учесници во кампањата е да го почитуваме тоа што сме го потпишале и тоа ќе го правиме.

Ова го истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во „Само вистина“ на ТВ Канал 5 дали кампањата ќе биде валкана и покрај потпишаниот Кодекс за фер кампања.

Во оваа кампања, рече Шекеринска, како што ги слушате и настапите на нашите претставници, фокусот е што сме имале како проблем, што сме решиле од тие проблеми и што планираме да решиме во следните четири години.

– Имаме резултати со кои можеме да се пофалиме, но и доблести во кои повеќе треба да сработиме. Целта ќе ни биде што е можно подиректно, со целосно почитување на мерките за заштита да допреме до што е можно поголем круг луѓе, но нема да играме со здравјето на граѓаните. Ќе водиме сметка за големината на собирањата, средбите да бидат многу мали и сите мерки за безбедност да бидат превземени. Тоа ќе го почитуваме, оти ова не се нормални избори, ова ќе бидат избори во сенка на пандемијата што го зафати цел свет, рече Шекеринска.

Во однос на нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски во Изборната едниница 5, Шекеринска смета дека тоа е одлука на ВМРО-ДПМНЕ што зборува дека некои лекции од минатото не се научени во врска со, како што рече, насилството од 27 април, со лагите и дезинформациите и злобата што се фрли кај народот. – Но, тоа е одлука во која јас не можам да се мешам, рече Шекеринска.

На прашањето кога ќе почнат преговорите со ЕУ, односно кога ќе биде првата меѓувладина конференција Шекеринска најави дека ова ќе биде двојна историска година – и членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, потсетувајќи дека на 27, односно 30 март Унијата донесе одлука за почеток на преговорите со нашата земја.

Извор: МИА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убави цифри: Koлky можете да заработите во Чвајцарија како фризер, столар, возач

Убави цифри: Колку можете да заработите во Швајцарија како фризер, столар, возач… Кантонот на Цирих неодамна објави водич за плата од кој може да се...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Поучна приказна за Човекот, Бог и празниот куфер која ќе ви го смени животот

Си поминал некој човек. Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер. И Бог рекол: „Сине, време е...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Сабриоски до Маричиќ: Плачевте, кукавте, навидум се боревте за нели функционалност на државата се додека не стигнавте на кожната столица

Господине Бојан Маричиќ, министер за правда, не е мое да судам, ниту тоа ќе го направам - ќе ви пресуди перцепцијата на граѓаните за...
- Advertisement -