fbpx
19.8 C
Skopje

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ плаќа пари за меѓународната заедница да им помогне, а тука бараат да не се меша

АКТУЕЛНО

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на прес-конференција рече дека Иванов мора да престане со насилството врз Уставот, а од СДСМ очекуваат што побрзо да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„На сите во Македонија и во меѓународната заедница им стана јасно дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Ѓорге Иванов под нивниот притисок заедно со сите овие најави за насилство, провокации, поттикнување на поделби во Македонија немаат никаква врска ниту со државните интереси, ниту со заштитата на Македонија, а најмалку со интересите на македонските граѓани. Единствената цел која стои зад пропагандата, незаконските и неуставни одлуки е да се остане на власт и да се спаси од кривичната, криминална одговрност за сериозната корупција и криминал кои ги спроведувале со години и ја доведоа Македонија во состојба на длабока криза.

Тоа се истите луѓе кои пред два месеца донесоа проглас со кој ја повикуваат меѓународната заедница да престане да се меша во внатрешните работи. Истите кои носеа ваков проглас, деновиве разговараат со сите во Брисел да бараат по секоја цена да останат барем дел од власта. Истите кои тврдат дека меѓународната заедница не треба да се меша во работите кои се одвиваат во Македонија, се тие кои веќе платија 1.6 милиони евра за да влијаат во Вашингтон и прават се само да ја зачуваат сопствената контрола, влијание и учество во власта по секоја цена, па и по цена на насилство па и по цена на уште подлабока криза“, рече заменик-претседателката на СДСМ.

Таа кажа дека СДСМ по секоја цена ќе ги брани унитарноста, стабилноста и просперитетот на Македонија.

„Го потсетуваме Иванов дека мора да престане со насилството врз Уставот. Должен е веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој обезбеди јасно и недвосмислено мнозинство во Собранието“, вели Шекеринска.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -