fbpx
11.8 C
Skopje

Шест полицајци нападнати во Шутка: Ги удриле со автомобил, па ги истепале

АКТУЕЛНО

На пазарот „Европа“ во насeлба Шуто Оризари, вчера околу 20 часот шест полициски службеници од Полициската станица Чаир преземале мерки и активности со цел нормално одвивање на сообраќајот околу пазарот, каде што имало организиран панаѓур.

Но, при извршување на задачите биле омаловажувани од непознато лице кое управувало патничко возило со скопски регистарски ознаки.

При обид да го легитимираат, лицето го стартувало возилото и во два наврати со предниот дел удрило во полициските службеници. После тоа, излегло од возилото и со група непознати лица физички ги нападнале полициските службеници.

Три лица се лишени од слобода и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -