29 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Петар Богојески: Време е македонското Собрание да добие пратеници на народот

ПРАТЕНИЦИ ВОЛОНТЕРИ Секогаш сме имале пратеници на Бранко, пратеници на Никола, пратеници на Сашо, пратеници на Али, пратеници на овој или оној... но никогаш не...

Љупчо Николовски: Сите афери на Игор Јанушев

Сакате гласот да го доверите на човек без ниту една дамка или на послушник на Груевски со еден куп афери и скандали? https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/videos/257095348924542/?t=0  

Атанасоски: ДУИ освен со создавање тензии, не знае на друг начин да функционира

Бомбите станаа дел од оружјето на двете најголеми политички партии. Искрен да бидам овој начин на препукувања не е добар за земја членка на...

Шест причини зошто треба да јадете цреши секој ден

Освен што се вкусни и сочни, црешите исто така се и многу здраво овошје кое треба секојдневно да го јадете. Одвоивме шест добри причини поради кои црешите се незаменливи.

Сега е сезона на цреши и вишни, па искористете ги овие овошки за секојдневна консумација.

1. Црешите се богати со антиоксиданси

Дваесет цреши ќе задоволат 15% од дневните потреби за витамин Ц. Богати се со антиоксиданси и соединенија кои имаат антивоспалителни својства, па штитат од бројни хронични болести, меѓу кои и дијабетесот. Црешите имаат низок гликемиски индекс за разлика од другите овошки, тоа значи дека кога јадете цреши не доаѓа до брз скок на шеќер во крвта.

2. Можат да ја ублажат болката што се јавува како последица на артритис

Неколку истражувања покажале дека црешите ги олеснуваат симптомите кај луѓето кои страдаат од артритис. Ако страдате од оваа болест треба да ја искористите сезоната на цреши и да ги јадете секој ден.

3. Го регулираат холестеролот

Црешите можат да го намалат вкупното ниво на холестерол во крвта, снижувајќи го нивото на „лошиот“ LDL холестерол. Ова е важно бидејќи секој процент на холестерол го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 2 проценти.

4. Ја ублажуваат болката од воспаление на мускулите

Црешите се совршена ужина по интензивен тренинг, им помагаат на мускулите побрзо да закрепнат и ги ублажуваат воспалителните процеси.

5. Ги чистат бубрезите и добри се за здрав уринарен тракт

Црешите ги чистат бубрезите и мочните канали, одличен диуретик се и го стимулираат излачувањето на урина.

6. Го намалуваат ризикот од гихт

Гихтот е облик на воспалителен артритис кој се развива кај некои луѓе кои имаат високо ниво на мочна киселина во крвта. Оваа киселина може да формира кристали во зглобовите и да предизвика ненадејни тешки епизодни на болка, чувствителност, црвенило, топлина и отоци. Научно е докажано дека консумирањето цреши по два дена за 35% го намалува ризикот од напади кај луѓето кои страдаат од гихт.

Latest Posts

Петар Богојески: Време е македонското Собрание да добие пратеници на народот

ПРАТЕНИЦИ ВОЛОНТЕРИ Секогаш сме имале пратеници на Бранко, пратеници на Никола, пратеници на Сашо, пратеници на Али, пратеници на овој или оној... но никогаш не...

Љупчо Николовски: Сите афери на Игор Јанушев

Сакате гласот да го доверите на човек без ниту една дамка или на послушник на Груевски со еден куп афери и скандали? https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/videos/257095348924542/?t=0  

Атанасоски: ДУИ освен со создавање тензии, не знае на друг начин да функционира

Бомбите станаа дел од оружјето на двете најголеми политички партии. Искрен да бидам овој начин на препукувања не е добар за земја членка на...

АКТУЕЛНО

СЗО повика да се зголеми производство на „Дексаметазон“

Светската здравствена организација (СЗО) повика да се зголеми производството на Дексаметазон, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.