fbpx
6.8 C
Skopje

Шијак: Ние не сме платеници, туку освестен народ (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Актерката Арна Шијак, која синоќа беше повредена во протестите пред Собранието на Република Македонија против договорот со Грција, во интервју од болничка соба, вели дека луѓето кои излегоа на протест не се платеници, како што вели Радмила Шекеринска, туку освестен народ.

Таа дури смета дека полицијата намерно фрлала шок бомби и солзавец меѓу луѓето за да предизвика страв.

-Беа испукани голем број на шок бомби и солзавец, со последици кои се видливи, и ова не смее да се нарече дека ние не сме народ, туку платеници со дијагноза. Ова е освестен народ, кој не ја губи нуту храброста ниту одлучноста, да преземе нешто и да ја спаси оваа држава од тие што сакаат да ја киднапират. Доколку почитуваното МВР, сметало дека работите одат вон контола, ако ги виделе луѓето кои би можеле евентуално да направат немири, зошто не ги приведе? Ние не добивне никакво предупредувње од полицијата, дека ќе следува нивна реакција „по процедура“.

Шијак објасни дека била во паркот „Жена борец“ кога шок бомба паднала кај нејзините нозе.

-Нема да згрешам ако кажам дека полицијата намерно фрли шок бомби меѓу луѓето, да се предизвика страв и да го обесхрбри народот повтроно да излезе на протест, вели таа.

 

https://www.youtube.com/watch?v=UHFC3XYGjKI

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -