fbpx
18 C
Skopje

Шилегов до ВМРО-ДПМНЕ: Да ја сакавте Македонија, немаше да ја пљачкате толку многу!

АКТУЕЛНО

Пратеникот Петре Шилегов, од редовите на СДСМ денеска од собраниската говорница ги обвини своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ дека тие се најголемите борци против Македонија и против македонштината и ги нарече дека се структура која што поддржува човек кој го урнира уставниот поредок на Република Македонија.

„Не може да издржите а да не излажете, тоа ви е во природата на партијата. Јас реков дека ги злоупотребувате митовите. Вие како политичка структура ги злоупотребувате митовите на македонската револуционерна борба, за свои лукративни потреби. Од криминални побуди, ние за жал не можеме со вас да се договориме што е национален интерес на Република Македонија, затоа што, за вас е нормално да се крши Уставот. Имате суспендирано уставно уредување од страна на Ѓорге Иванов во моментов. Македонија е парламентарна демократија со парламентарно мнозинство, каде што ниту вие како политичка партија, ниту Ѓорге Иванов тоа не дозволува да оди напред. Нема поголем интерес за Република Македонија од развој на демократијата, мирното примопредавање на власт, кое вие во 2006 година го добивте за 2 саати.

Не можете нам да ни импутирате нешто што го немаме направено како политичка партија. Па дури и ќе ни кажувате со каква програма да излеземе на избори. Кои сте бе вие? Што се замислувате вие? Вие сте срам за Македонија. Вашите изјави се засноваат на лаги. Вие сте најголеми национални предавници во историјата на Македонија. Поддржувате човек кој го урниса Уставот. Да ја сакате толку Македонија, немаше да ја пљачкате толку многу“, рече Шилегов.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -