fbpx
16 C
Skopje

Шиповиќ поднесе оставка од Претседател на Советот на општина Центар

АКТУЕЛНО

Претседателот на Советот на општина Центар од редовите на СДСМ, Мирослав Шиповиќ поднесе оставка, а веќе утре истата ќе биде разгледана, по што ќе се гласа за нов претседател на Советот.

Шиповиќ потврди дека на ваков чекор се одлучил откако подолг период не успеал да оствари контакт со градоначалникот Жерновски.

„Подолго време веќе не можам да соработувам со градоначалникот, онака како што јас го замислувам тоа професионално. Еве два месеци немаме никаков меѓусебен контакт и мислам дека е подобро да се повлечам од претседателското место и да дојде друг претседател кој ќе може да оствари соработка со градоначалникот“, истакна Шиповиќ.

Од СДСМ најавија соопштение за ова прашање.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -