fbpx
12.8 C
Skopje

„Шкода’“ го прослави производството на милионитиот модел на „Суперб“

АКТУЕЛНО

„Суперб“, топ моделот на компанијата „Шкода“ во современата варијанта се произведува од 2001 година, а во текот на актуелната, трета генерација, е забележан и голем резултат – еден милион произведени возила.

И додека почетоците на „Суперб“, од времето кога се појавил оригиналниот модел во 1934 година, биле многу скромни, кога биле направени само 200 примероци, модерната инкарнација на овој автомобил за 15 години достигна производство до бројот со седум цифри.

Првата „Шкода“ со името „Суперб“ била претставена во 1934 година. Автомобилот бил придвижуван одс 2.5-литарски шестцилиндерски мотор, што развивал за денешни стандарди прескромни 55 кс. Сепак, ова возило имало и некои иновативни решенија за перидот кога бил создаден, како напредната независна суспензија.

Името „Суперб“ беше извлечено од заборав на почетокот на 21 век, кога беше лансирана современата варијанта на овој модел. Своите потенцијали, топ лимузината на „Шкода“ ги покажа веќе со првата генерација, иако тогаш не беа остварени позначителни продажни резултати, или вкупно беа испорачани 130.000 примероци.

А потоа во 2008 година пристигна „Суперб“ од втората генерација, што забележа извонреден продажен успех со 618.500 продадени единици во текот на седумгодишното производство.

Актуелната трета генерација се појави во 2015 година, успешно наследувајќи го претходникот. За две години продадени се 250.000 автомобили, со што вкупно стигна до еден милион пласирани возила во сите три генерации.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -