fbpx
3 C
Skopje

Шкотска најави втор референдум за независност

АКТУЕЛНО

Првиот министер на Шкотска Никола Старџен денеска најави план за втор шкотски референдум за независност.

„Во говорот во Единбург, Старџен изјави дека доколку Велика Британија сака да излезе од Европската унија, не земајќи ги предвид желбите на граѓаните на Шкотска, кои на референдумот гласаа против Брегзит, тоа во голема мера ќе ги отежне преговорите“, јави Би-Би-Си.

Таа оцени дека Владата на Велика Британија не се поместила „ниту инч“ и оти шкотскиот народ ќе одлучува за својата иднина.

На прашањето дали ќе поднесе оставка доколку не успее да се избори за втор референдум, Старџен одговори дека ќе го направи „она што е најдобро за Шкотска“ и оти „не планира да изгуби“.

На прашањето дали навистина верува дека може да се изгласа независност на вториот референдум, Старџен одговори: Да, верувам.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -