fbpx
18.7 C
Skopje

Шо е па толку лошо на маргините?

АКТУЕЛНО

Задња недела, македонскиот дел од интернетот трешти ради колумната на Никола Шиндре во која тој тврдеше дека педофилите се маргинализирана заедница, дека децата имаат сексуалност и дека не би требало да се настапува со осуда за педофилите, особено ако децата самите посакале да стапат во односи со нив.
За таа колумна не ми се коментира многу овдека. Мое скромно мислење е дека истата е резултат на патологизирани отвореност и приемчивост во смисла на Big Five Personality Traits, манифестирани како политичко-социолошко мнение. Меѓутоа, сакам да кажам збор два за маргинализацијата, термин што не само Шиндре, туку и поголем дел од култур-левицата го употребува.
Според Википедија, маргинализацијата претставува систематско искучување од извесни сегменти на општеството, претежно предизвикано од извесна различност кај маргинализираната индивидуа. Дефиницијата како таква не идницира кои се облиците на маргинализацијата, нити пак ги индицира параметрите по кои општеството маргинализира.
Затоа би сакал да ја расчленам на неколку суб-облици, според основот за и методите на маргинализација.
Во најширока смисла, доколку ја земеме повредата на туѓите права како основ за маргинализација, категоријата „маргинализирани“ се дели на две суб-категории, односно луѓе маргинализирани бидејќи повредиле туѓи права, и луѓе маргинализирани од други причини. Во првата категорија ќе се најдат, покрај педофилите, и крадците, измамниците, силувачите, убијците и корумпираните, меѓу другите. Во втората ќе се најдат хомосексуалците, уживателите на дрога, проститутките и ним сличните.
Што се однесува до општествениот метод на маргинализација, можеме да го поделиме на правен/репресивен, каде маргинализацијата потекнува од државата и нејзиниот репресивен апарат, најчесто со одобрување на остатокот од општеството, и втората категорија каде маргинализацијата потекнува од самото општество, каде државата молчи. Така, во првата категорија ќе се најдат сторителите на прекршочни и кривични дела, а во втората сите оние маргинализирани кои не ги гони репресивниот апарат на државата.
Сакам да кажам збор два за ненасилните и непрогонетите маргинализирани луѓе, со оглед на тоа што и јас се наоѓам во овие две субкатегории. Од мали нозе сум прогласен за „ненормален“ и „шлакнат“, да бидам искрен, без премногу преувеличување. Од извесни гледни точки, ја стварно сум ненормален. И тоа е тоа, маргинализиран сум уште од првиот ден во градинка.
Е сеа, знае да биде малце непријатно. Маргинализацијата значи бидување исклучен од извесни механизми на општеството, кои знаат да бидат пријатни, знаат да ја заштитат индивидуата, да ги унапредат неговите интереси и да му дадат извесно значение на неговиот живот, претежно преку чувството за припаѓање на заедница. И тоа се добри работи.
Меѓутоа, и животот на маргините си има свој драж. Вистина, има моменти како „сви ме избегавају, сви ме зајебавају“, али тоа значи дека во секој момент човек може да е раат од другите, нешто што добро интегриран човек го нема како луксуз. На маргината постои неизмерна слобода за изразување. Каде интегриран човек би се соочил со енормна критика и социјална осуда, маргинализираниот ќе биде отпишан со „остај го, тој е ненормален/педер/џанак/алкос“ или слично, и оставен на раат. Прашањето е дали повише ја сакаме безбедноста на општествените структури или слободата шо постои на маргината. Тоа зависи од човекот, и секој мора да одлучи дали ќе биде нормален или маргиналец, у зависност од тоа дали поише сака да е згрижен или раат.
Споредувајќи се себеси со некои од моите колеги, заклучувам дека јас не сум имал баш сјајна академска кариера, нити пак сум имал шанса за таква кариера, со оглед на тоа што секој ден од моето факултетско образование беше поминат во брутална, рововска војна на зборови меѓу мене и наставниот кадар на факултетот. Органски ја отфрлив структурата на македонскиот образовен систем, и тоа е една од многуте причини зошто нема Др. пред моето име. И океј ми е. Вака сум барем слободен да јадам колку сакам и какви сакам гомна и буреци, без притоа да сум присилен да се придржувам до било какви кодекси на политичка коректност, нити пак да пазам на политиката како фактор по мојата позиција, макар останал без енормно лукративните бенефити на академската кариера.
Така да, драги луѓе, не се плашете толку од животот на маргините. Вистина, малце е нестабилно, нема многу ќеш, нема баш сигурност, и да, ќе пљукаат по вас. Ама има слобода, никој не ве гуши и на крај краева, можеме и ние општеството да го отераме у курац. Само ќе ве замолам да бидете свесни за опциите: или сме ваму, или сме таму. Решете се каде. Не може ем фраер, ем министер.
И тоа би било тоа.

Пишува: Никола Џилвиџиев

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -