fbpx
20.8 C
Skopje

Шојбле ја спореди Турција со Источна Германија

АКТУЕЛНО

Министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле ја обвини Турција за самоволие и утврди дел од активностите на претседателот Реџеп Таип Ердоган како „играчки“, пишува “Der Spiegel”.

Изданието смета дека власта во Берлин демонстрира единство во својата позиција кон Анкара и почнува да ја менува драстично својата политика кон Турција.

„Турција врши апсења произволно и не ги исполнува минималните конзуларни стандарди. Тоа ме потсетува на начинот на кој се делуваше во Источна Германија. Кој патувал таму, помни нешто, што беше јасно – ако нешто се случи, никој не може да ти помогне“, прокоментира германскиот министер.

Тој ја опиша Турција како ризична земја за посета на германски државјани.

„Ако Турција продолжи со овие играчки – како оваа да не дозволува посета на владина делегација во базата во Коња, ќе треба да им кажеме на луѓето – патувајте во Турција на сопствен ризик, не можеме да ви гарантираме ништо“, истакна Шојбле.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -