fbpx
30.8 C
Skopje

Шок во Австралија: Глумец загина на снимање на спот

АКТУЕЛНО

Глумецот и каскадер Јохан Офнер (28) загинал на снимање на спотот за хип-хоп бендот “Bliss n Eso”, откако бил застрелан во градите. Спотот е снимен во Бризбејн, а трагедијата се случила во барот кој што бил затворен за потребите на снимањето.

„ Во текот на снимањето на една сцена користено е огнено оружје. Еден од глумците е погоден во градите и набрзо им подлегнал на повредите“- изјави надлежниот инспектор Том Армит не прецизирајќи со каков вид на огнено оружје е застрелан несреќниот глумец.

Членовите на бендот не биле присутни кога се случича трагедијата, но се огласија преку Фејсбук.

„ Многу сме потресени од случувањата кој се случија денс на снимањето на спотот. Ние не бевме таму кога се случила несреќата. Навистина сме вознемирени и нашите молитви сега се со неговите најблиски.“- велат од бендот

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -