fbpx
12.8 C
Skopje

Шок за напаѓачот од своите навивачи: Варди добива смртни закани!

АКТУЕЛНО

Еден од најдобрите играчи на шампионот на Англија, Џејми Варди се наоѓа во непријатна ситуација, откако играчот на Лестер добил повеќе смртни закани и сето тоа поради поранешниот тренер на тимот Клаудио Раниери.

„Лисиците“ лошо играа во новата сезона во Премиер лигата, што беше резултат отказ да добие Клаудио Раниери, човекот кој ги предводеше до сензацијата на векот минатата сезона.

Сепак, по неговиот отказ како нешто да се промени, па Лестер врза три победи во Премиер лигата, но и успешно се справи со Севиља во Лигата на Шампионите, каде се пласираа во осумте најдобри, а во четвртфиналето за противник го добија Атлетико Мадрид.

„Беше пуштена приказна дека играчите играме против Раниери. Па набрзо потоа луѓето се закачија за мене, по што започнаа да пристигнуваат смртни закани за мене, мојата сопруга и моите деца. Се обидувам да не се сеќавам на тоа, но не е така едноставно“, истакна Варди.

Како што вели играчот, закани добива од сите страни, преку социјалните мрежи, на улица, во кафуле или пак додека е на вечера со фамилијата или пријателите.

„Жалам што Раниери доби отказ, бидејќи тоа што го направи со Лестер никој не го очекуваше ниту за милион години. Но, откако сезоната тргна лошо, никој не може да замени 15 играчи, туку се менува тренерот. Јас, а верувам и сите останати се погодени што тој замина“, додаде Варди.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -