fbpx
18.8 C
Skopje

ШОК ЗА ЦЕЦА: Аркан сакал да се разведе поради оваа пејачка: “Таа не е обична жена таа е ВРВ”

АКТУЕЛНО

Жељко Ражнатовиќ Аркан и понатаму е топ тема, години по неговата смрт. Српскиот Курир ја пренесе исповедта на Небојша Жабац за животот на Аркан.

– При една победа на фудбалскиот клуб, Аркан трчаше, се лизна и падна, а тоа му беше најголем срам. Му се искинаа панталоните и му се виде долниот веш, тогаш имаше 120 кила, вели тој.

Додава дека Аркан своевремено сакал да се разведе за хрватската пејачка Дорис Драговиќ која ја обожавал.

– Секогаш велеше таа не е обична жена, туку врв, додава Небојша, контроверзниот бизнисмен од Нови Сад.

Еве што откри за него Светлана Ражнатовиќ.

За Жељко слушнав и прочитав се’ и сешто пред да го запознаам. Меѓу другото, и тоа дека е толку опасен што, не дај Боже, ако го погледнеш на начин на кој не му се допаѓа, тој прво те крши од ќотек, па дури потоа разговара со тебе.А јас во својот живот немав сретнато похрабро суштество од него. Тоа беше луда смелост што преминуваше во егзибиционизам. Тој човек смееше се’! Па како жената да не умре по него?!

Но не само тоа. беше исклучително интелигентен. Перфектно зборуваше пет јазици, ја имаше прочитано цела светска книжевност. Беше лудо храбар, но пред се’, исклучително нежен. Тоа го потпишува жената што пет години со него делеше и добро и зло. Дома беше вистинско бебе.

Пред Жељко, јас воопшто немав контакт со светот на мангупите. Првиот за кого зборуваа дека е опасно момче всушност беше Жељко. Другите ги запознав преку него. Дотогаш се дружев исклучиво со колегите од естрадата“, се присетува фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ за магазинот „Глорија“ спроти 18-та годишнина од смртта на нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Преживеав страшни ситуации и големи трауми кои оставија последици на мене и со кои, мислам, дека нема да можам да се изборам. Јас на својот грб не го носам само товарот на сопствената счава. Сепак, јас сум вдовица на Аркан и мора да се однесувам соодветно на тоа. Поминав 30 дена во самица без право на кантина, посети, на адвокат. Ми беше толку многу грозно што никому не му гопосакувам истото. Најмногу се плашев за моите деца и цело време мислев на Вељко и на Анастасија. Сакав само да сум со нив. Но и затворот е за луѓе. Ја преживеав целата тортура и излегов со дигната глава“, раскажува пејачката.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -