fbpx
20.8 C
Skopje

ШОКАНТНО: Млада мајка го прададе своето бебе за 40 евра – Бев приморана, добивав закани од мојата мајка! (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Руската полиција го истражува случајот кој го снимија безбедносните камери на аеродромот во Омск. На камерите јасно се гледа како избезумена млада мајка го чува во прегртка своето бебе, а потоа се свртува, го бакнува за последен пат и го предава на средновековна жена, која подоцна заминува со бебето.

Според првичните информации мајката по име Ина Петрова (25), го продала своето деде на Наталија Ждановој (43), за 40 евра.

До полицијата најпрво пристигнала пријава дека Ина не може да ја издржува својата новороена ќерка и дека ќе ја даде на вдомување на некоја жела „по скратена постапка“. Поради тоа полицијата започнала да ја следи младата мајка, а снимката од аеродромот само ги потврдува сомнежите.

На видеото јасно може да се види како Ина со своето дете во рацете, нервозно стои и како да ги одбројува драгоцените секунди поминати со своето бебе. Во еден момент пристигнува Наталија Ждановој со цел да го земе бебето. Мајката за последен пат го бакнува своето чедо, а Наталија со лажни патни исправи успева да го внесе бебето во авионот.

Истрагата покажа дека Жданова била очајна бидејќи нејзиниот возрасен син тргнал по свој пат, па затоа сакала друго дете. Затоа објави оглас на интернет: „Мојот сопружник и јас сакаме да посвоиме дете на возраст од 0 до 3 години. Сите документи за посвојување се спремни. Ве молиме помогнете“.

„Сакаа да абортирам. Мојата мајка ми се закануваше. Велеше да не се вратам дома доколку се породам. Ми кажа дека бебето не е играчка. На социјалните мрежи објавив повик за помош“, изјави мајката на бебето, нагласувајќи  дека не сакала да абортира.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -