fbpx
19 C
Skopje

Штајнмајер: Европската Унија е „вредно наследство“ што не треба да биде напуштено, туку подобрено

АКТУЕЛНО

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер во обраќање пред Европскиот парламент изјави дека одлуката на Велика Британија за заминување од ЕУ е неодговорна.

„Горчливо е чувството да се обратам на оваа пленарна седница првпат откако една земја членка започна процес на повлекување од ЕУ. Според мене, тоа е горчлива работа, не само како политичар, туку и како граѓанин на Европа. Да се врати контролата е силниот слоган што го слушаме деновиве секаде. Националистите нема да бидат во можност да го сторат тоа. Ние не ја губиме сувереноста, туку добиваме на сила преку ЕУ. Популистите го направија светот црно-бел и го претворија стравот во политички капитал“, изјавил Штајнмајер

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Штајнмајер, кој е поранешен германски министер за надворешни работи, уште во воведот на својот говор остро ја нападна одлуката за Брегзит и „британскиот популизам“, ветувајќи дека Германија ќе ја брани Европската Унија, која, според него, е „вредно наследство што не треба да биде напуштено, туку мора да се подобри“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -