fbpx
20.8 C
Skopje

Што ДУИ ќе добие од владиниот колач доколку направи коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

АКТУЕЛНО

Од PSE JO или зошто да не премиер Албанец до „Можеме уште повеќе, уште подобро“ има огромна разлика. Едните се препознатливи само по ветувањето дека за прв пат Македонија ќе добие премиер Албанец и по тоа беа препознатливи во текот на кампањата. Вторите велат дека можеме уште повеќе, уште подобро да работиме за иднината на државата.

Првите велат дека тие го направиле Зоран Заев премиер, а вториве велат не е лошо ДУИ да замине во опозиција и да се реформира. Сепак првиве на овој или оној начин успеаа да си ги вратат изгубените пратенички мандати и на овие избори добија таква бројка со која слободно може да одлучуваат која партија ќе биде во идната владина политичка коалиција. И сега, во една ваква ситуација, деновиве гледаме ниту ВМРО, ниту СДСМ немаат проблем да си се пофалат како преговараат со ДУИ за создавање на ново парламентарно мнозинство потребно за формирање на нова Влада.

И тука не би имало ништо лошо доколку навистина не добивавме ветување дека ќе дојдат промените. А редно беше времето тие да се случат. После 17 години власт во државава ДУИ повторно испаднаа поголеми од македонските политички партии ВМРО и СДСМ. Со едно “PSE ЈО премиер Албанец“ сите патишта водат кон Мала Речица. Сите патишта водат кон Али Ахмети. Па дури и на оние од Белата Палата кои уште имаат некаква надеж дека е можно да формираат Влада. Сега никој нема проблем со ДУИ. Сега имаат проблем ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Кој повеќе ќе успее да се испазари во име на државните институции, во името на македонскиот буџет, во името на она што го црпат како легитимитет од граѓаните, а тоа е владеење со државата. Држава во која ни ветуваа правда, слободни медиуми, повисоки плати и пензии, квалитетно образование и здравство. Држава во која нема веќе да биде важно чиј си, туку ќе биде важен квалитетот. Држава во која зборот ќе биде збор!

Деновиве се поставува прашањето – што ќе добие ДУИ од владиниот колач од коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ? Колку и што се подготвени лидерите на македонските партии да му отстапат на човекот кој не прозборел еден македонски збор, или на оние кои еднаш немаат истакнато македонско знаме, оние кои имаат проблем со нашата химна и јазик? PSE JO министер за внатрешни работи во држава? Цената за пазарот ќе ја видиме наскоро…

Автор: Симон М.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -