fbpx
4.8 C
Skopje

Што им дозволуваа родителите на своите деца пред 3 децении – што би рекле истите денес на ова

АКТУЕЛНО

-Родителството значително е променето во последниве три децении.

Нешто што во 80-тите беше нормално, денес е работа на која би можела да реагира социјалната служба. Повеќето од овие промени секако доведоа до поголема безбедност на децата, но факт е дека родителите поради разни црни сценарија кои им се постојано сервирани, децата ги чуваат во стаклени ѕвона и не им дозволуваат да се извалкаат од глава до пети, што беше нормално некогаш.

Еве ги најголемите разлики:

1.Децата остануваа сами дома

Децата често остануваа сами дома, а понекогаш и пред шестата година. Си имаа клуч околу врат и тоа беше сосем нормална појава уште од прво одделение со задолжителен совет „не отворај никому!“.

2.Децата со часови поминуваа без надзор

Денес постојат посебно заштитени лулашки, посебни подови во детските паркови, играчки од посебни материјали. Обичните игри во паркот релиси станаа научна фантастика. Родителите од 70-тите и 80-тите ги пуштаа децата да си играат надвор и со часови не ги надзираа. Ограничувањата беа во стилот: „не подалеку од онаа улица“.

3.Не се носеа шишенца со вода

Кога децата ќе ожеднеа, одеа во првиот кафиќ/ресторан и му побаруваа на конобарот чаша вода. Или се влагаше во некој двор се пиеше вода од чешма, црево или пумпа.

4.Играа до доцна во мракот

Немаше мобилни телефони, децата не носеа часовници, па сепак времето за идење дома беше ограничено „додека да се стемни“. Ако детето не се појавеше, мама ќе извикаше низ прозор или од балконот и тоа беше тоа.

5.Децата јадеа разни глупости

Се сеќавате на Гринко? Обоениот прав од кој се правеше сок, а децата поскоро го истураа на валканите дланки и го лижеа на „суво“? Не е потполно јасно зошто ова го правеа, веројатно затоа што беше најевтино во продавница – а слатко. Лебот премачкан со мајонез за ужина беше врв на гастрономско уживање.

6.Се пушеше дома и пред децата

На секој чекор се пушеше, родителите пушеа и во автомобили, во дневна соба покрај телевизор, па нормално беше и да ги храниш децата со цигара во уста.

7.Не се носеа кациги

Родителите не се замараа претерано дали детето ќе падне од велосипедот или додека се вози на ролшуи. Гребаниците и модринките беа сосема вообичаени, а доаѓањето дома без одрани коленици беше невозможна мисија. Денес децата кои возат велосипед мора да носат штитници и кацига до својата 16 година, бидејќи постојат казни доколку не носат.

8.Немаше детски седишта за автомобилите

Сите кои пораснаа пред 90-тите се’ уште се сеќаваат на патувањето до море на задното седиште. Родителите знаеја да направат вистински легла-креветчиња, а децата спиеја како сардини. Седиштата во автомобилите денес се задолжителна опрема во секој автомобил и дефинитивно нужна за сигурноста на децата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -