fbpx
13.8 C
Skopje

Што ќе направи Претседателот Иванов по второто гласање на законот за името?

АКТУЕЛНО

Законот за ратификација на Договорот со Грција уште од вчера е на бирото на Претседателот Иванов, потврдуваат од кабинетот на спикерот, Талат Џафери, кој веднаш по завршувањето на вчерашната седница ставил параф и го препратил во Вила Водно

Ако доследно го следи словото на Уставот, сега откако Законот и по втор беше изгласан со мнозинство од вкупниот број пратеници, според членот 75 Претседателот е должен да го потпише указот. Но, ако се суди според денешното соопштение од неговиот Кабинет, Иванов таква намера нема.

-Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани. – стои во соопштението од Кабинетот.

Правната празнина што Претседателот ја искористи со Законот за јазиците, а според се, ќе ја искористи и во овој случај со Договорот, е отсуството на рок во кој тој е должен да го потпише Указот. По првото гласање, законот предвидува рок за изјаснување од 7 дена, но нема по второто гласање, иако многу од правниците толкуваат дека по аналогија важи истиот. Токму овој аргумент, ќе биде главниот доколку владејачкото мнозинство одлучи да поведе постапка за одговорност на Иванов.

Со оглед на веќе извесниот исход, власта веќе бара начини како и двата закони да стапат на сила и без потписот на Иванов.. Најверојатната опција е Џафери да биде тој што ќе стави потпис и на местото на Претседателот, и така законите ќе бидат испратени во Службен весник за објава. Во вакво сценарио, потоа битката меѓу Собранието и Претседателот веќе извесно ќе се префрли пред Уставниот суд, кој ќе треба да го реши овој длабок уставен спор, но до неговата конечната одлука, законите ќе бидат на сила.

Извор: Букефал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -