fbpx
10 C
Skopje

Што најмногу и недостасува на кралица Елизабета во карантин

АКТУЕЛНО

Кралицата Елизабета сè уште е во карантин во замокот Виндзор, а „Дејли мејл“ откри како го поминува времето.

Кралицата отиде во замокот Виндзор на 19 март со нејзиниот сопруг, принцот Филип, (98). Само неколку од нивните вработени можат да им се приближат поради мерките на претпазливост, а својот персонал кралицата го свела на минимум.

Елизабета Втора го поминува своето време читајќи весници и во разговар со остатокот од семејството преку видеоповик, а заради пандемија таа ретко излегува надвор. Нејзиниот градинар истакнал дека кралицата е воодушевена од птиците за кои се грижи додека е во самоизолација, а поради тоа што не оди на јавање, се забавува со други хобија.
Нејзините вработени велат дека најмногу јавањето коњи најмногу ѝ недостасува.

Како што јавуваат британските медиуми, Елизабета Втоа ужива во друштвото на својот сопруг и тие одлично се согласуваат.

Остатокот од кралското семејство е исто така во самоизолација. Принцот Чарлс сè уште е во Шкотска со сопругата Камила Паркер-Боулс, а сите кралски должности во моментот ги извршува принцот Вилијам.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -