fbpx
12 C
Skopje

Што не треба да правиме при интервју за работа

АКТУЕЛНО

Никогаш не можеш да го направиш првиот впечаток по втор пат, затоа кога ќе отидете на интервју за работа, вие треба да бидете уверени во себе, но не премногу. Треба да знаете нешто за местото каде што одите и должноста што сакате да ја превземете, не треба да се грижите или барем не премногу.

Постојат неколку чекори кои ќе ве направат најдобар кандидат за одредена позиција. Треба да се чувствувате добро и да бидете подготвени, но има и неколку грешки кои често се дозволени и ги прават вашите шанси за работа многу мали, дури и ништожни. Да погледнеме кои се најчестите грешки при интервју за работа и како да внимаваме за да не си ги ги дозволиме самите ние.

1. Одете сами, без друштво. Вашите идни работодавачи можат да решат дека не сте заинтересирани за работата и дека оваа посета меѓу другото е само љубопитност за тоа како всушност изгледа интервјуто за работа.

2. Без гуми за џвакање – мастиката на такво сериозно место може да остави груба слика односно работодавачот да помисли дека сте невоспитана и несериозна личност. Доколку се грижите и имате потреба од свежо чувство во вашата уста, подобро земете бонбони, но никако не ставајте ги во уста за време на вашето интервју.

3. Не зборувајте за вашите лични проблеми, за малку пари, а многу обврски – ако му ги кажете личните проблеми на вашиот работодавач, тогаш ракувајте се со човекот и не очекувајте дека тој некогаш ќе ве повика.

4. Лошиот екс работодавец – не зборувајте лошо за вашите претходни газди – работодавци.

5. Не обидувајте се со „убави“ зборови упатени на сметка на работодавецот, да го привлечете неговото внимание кон вас, очекувајќи дека вашиот прв штотуку е започнат – тоа може само да ве оддалечи од очекуваното работно место, а работодавецот во тој случај побрзо може да ви го покаже прстот кон излезот од компанијата.

6. Јас зборувам 7 јазици, но не и во моментот – Лагата е нешто, кое може да биде лесно разбрано. Избегнувајте да го правите тоа, а во вашата автобиографија спомнете ги само реалните факти.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -