fbpx
21.8 C
Skopje

Што разговарале Меркел и Груевски во Малта?

АКТУЕЛНО

Никола Груевски на маргините на Конгресот на ЕПП во Малта се сретнал со германскиот канцелар Ангела Меркел. Ова е особено важно што полседната негова средба со Меркел е пред многу години и тоа како што се шпекулираше пред лифт. Но ова е точна инфоррмација имало кратка но ефектна средба и освен еуфоричното известување на провлаидините медиуми од ВМРО ДПМНЕ нема ниту соопштение ниту изјава. Ова е особено симптопатично, поради тоа што ВМРО ДПМНЕ беше во милост сестринска артија на десничарите на Меркел, но и подолго време оваа раководство на чело со Никола Груевски е на сериозна дистанца од страна на Берлин и Меркел.

Симптопатично е што нема коментар ниту инфрмација затоа што ВМРО ДПМНЕ наметна пракса во последно време да ги објавува средбите со меѓунардоната заедница, на широко , дури на ниво на стенограми, и жестоко да полемизира на секоја средба со амбасасадоритеили меѓународните претсавници.

Овојпат такво официјално соопштение од ВМРО ДПМНЕ изостанува, а за замена се нудат инспиративни извешатаи на провладини портали, кои се повикуваат едни на други.

Порталот „Курир“, повикувајќи се на порталот „Прес 24“ објави дека Груевски на маргините на Конгресот на ЕПП во Малта се сретнал со Меркел. Според порталот на оваа средба присуствувал и претседателот на Комитетот за надворешни работи во европскиот парламент и прв потпретседател на ЕПП, Дејвид Мекалистер и неколку други нејзини соработници.

„На средбата, како што дознал Прес24 претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја објасниле актуелната политичка ситуација во Македонија, предизвиците со кои се соочува земјата и политичката криза, како и можните решенија за излез од неа и движење на земјата напред кон НАТО и ЕУ. Според информациите, двете страни размениле свои видувања за состојбата и мислења за можните опции за понатаму“, пишува Курир.

Инаку вчера од партијата преку соопштение информираа дека Груевски остварил неколку средби во Малта, но средбата со Меркел не е спомната воопшто во соопштението.

Таму се наведува:

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го искористи гостувањето на Конгресот на Европската Народна Партија (ЕПП) за да оствари средби и разговори со лидерите во Европа, Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, со Јанез Јанша од Словенија, со домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта, претседателот на Националната партија на Малта, Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Смид, со европратениците Ебер Брок и Алојз Петерле, со поранешниот премиер на Италија и лидер на партијата Форца, Италија, Силвио Берлускони и уште десетина други формални и неформални средби“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во јавноста веќе се шпекулира дека Меркел воопшто не била срдечна и пријателски настроена, ниту како што знаат да кажат „сестрински“ кон Груевски и дека тој добил конкретни препораки и забелешки, но засега детали од средбата нема.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -