Фото: Илустрација веста во продолжение




Две лица со повреди биле донесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.




Како што информира МВР во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје, информираат од МВР за Пресс24.




Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во болницата за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во моментов пред болницата има зголемено полициско присуство.
Извор: Press24