fbpx
13.8 C
Skopje

Што се случува со една од најпосакуваните апликации: Основачите на „Инстаграм“ заминуваат од компанијата

АКТУЕЛНО

Ултра популарната апликација „Инстаграм“ ќе остане без своите основачи Мајкл Кригер и Кевин Систром, кои најавија дека во следните неколку денови целосно ќе се повлечат од комапнијата.

„Инстаграм“ се повеќе се пробива и добива доверба кај корисниците, поради што во 2012 година компанијата на Кевин Систром и Мајкл Кригер ја купи „Фејсбук“.

Во овој момент Систром е генерален директор на „Инстаграм“, додека Кригер е поставен за главен технички директор. Се уште не е позната причината за нивното заминување.

Од Фејсбук нема конкретен одговор за заминувањето на двајцата креатори на „Инстаграм“, а не е исклучена можноста тие одреден период целосно да се повлечат од работата на социјалните мрежи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -