fbpx
9.8 C
Skopje

Што точно ќе бара Роналдо во Јувентус?

АКТУЕЛНО

Кристијано Роналдо во Јувентус. Тоа е единствената фудбалска вест, која може да се мери со величината на Мундијалот 2018 во последните денови.

Може ли навистина да се случи? Роналдо во Италија? Може ли Јувентус да го земе Кристијано? Може ли Роналдо да замине во Торино?

Тоа се само дел од прашањата, кои фудбалската јавност си ги поставуваше овие денови.

Со Реал Роналдо освои се што можеше. Кристијано е петократен носител на „Златната топка“, петократен шампион во Лигата на шампиони и европски шампион со Португалија во 2016 г.

Веќе на 33 години, основното прашање, кое ги интересира не само фановите на Реал, туку и фановите на Јувентус и португалецот е, “Што Кристијано ќе бара во Јуве и зошто би го напуштил Реал?“

Marca веќе го нарече „трансфер на векот за италијанскиот фудбал“.

Во последните години Серија А го загуби сјајот, кој го имаше во текот на 90-те години. Пристигнувањето на Кристијано не само што може да ја врати старата слава на калчото, но и да повлече нога за уште поголеми ѕвезди кои би сакате да се натпреваруваат во италијанското првенство.

Единствениот проблем ќе биде неговата плата, за која се зборува дека ќе биде 30 милиони евра на година. Тоа е четири пати поголема сума од платата на највисоко платениот фудбал на Јуве во моментот – Гонсало Игуаин, кој зема по 7,5 милиони евра на година.

Се очекува, дека со продажбата на Игуаин во Челси ќе се финансира дел од трансферот на Роналдо. Освен тоа Јуве го заменија Џанлуиџи Буфон со Матија Перин, кој ќе заштеди 20 милиони евра во касата на клубот во следните неколку години.

Кристијано Роналдо ќе се претвори во златна мина и од гледна точка на телевизиските права. Ѕвезда од негов ранг недостасува на терените на Калчото. И сите во Италија тоа го знаат.

Легендарниот италијанси напаѓач Кристиан Виери го кажа најправилното: „Овој трансфер е како печалба од лотаријата за италијанскиот фудбал“. Луѓето надвор од Италија не зборуваат за Серија А, зошто суперѕвездите од минатото недостасуваат во денешни времиња. Роналдо може да ја измени таа тенденција и да донесе нов живот во нашиот фудбал.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -