Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, не мислам дека тоа е невозможно да се случи, да почекаме, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервјуто на телевизија Сител.
Зборувајќи за пописот, Николоски рече дека очекуваат Пендаровски да не го потпише законот, ако тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе поднесе иницијатива до Министерството за правда да се соберат потписи за поништување.
Во меѓувреме од СДСМ испраќаат порака дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да можат да го спречат пописот.
Повик за бојкот е повик за кршење на законите, Мицкоски нема да спречи попис, прв по 19 години. Докажаниот губитник Христијан Мицкоски со повикот за бојкот на пописот ги поттикнува граѓаните на кршење на законите. – порачуваат од СДСМ преку најновото соопштение.
Во државата не се одржал попис цели 19 години, а последниот обид за попишување на населението во 2011 година пропадна поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега кога е донесен законот за попис и се создадени сите нормативни услови за спроведување на оваа важна статистичка операција, Мицкоски, како и секогаш кога се случуваат важни работи, се става на спротивната страна на интересите на државата и на граѓаните.
Со пописот што ќе се одржи напролет конечно по речиси две децении ќе се приберат целосни релевантни податоци кои се од особено значење за креирање на издржани политики и стратегии за развој на државата, за стопанството и за граѓаните. – порачуваат од СДС;.
Антинародното и антидржавното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски се противи на напредокот на државата, се однесува штетно, бидејќи пописот е статистичка операција неопходна за развојот на државата. – децидни се од владејачката партија.