fbpx
-2 C
Skopje

Штотуку заврши владината седница – ова се најновите донесени одлуки

АКТУЕЛНО

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

Владата на Република Северна Македонија на денешната 24 седница го утврди текстот на Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистерски таблици со одлука да биде доставен на усвојување во Собранието.

Целта на овој Предлог-закон е да се регистрираат возилата со странски таблици со намалени давачки до 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи.

Одредбите од овој Предлог-закон се однесуваат на возила увезени до 1 октомври оваа година и со најмалку Еуро 4 стандард и ќе се применуваат за времетраење од една година.

Предлог-законот ги опфаќа моторните возила за превоз на патници (категорија М), возилата за превоз на товар (категорија N), возилата на две и три тркала и квадрацикли (категорија L) и приколки – вклучително и полуприколки (категорија О).

Со оваа мерка ќе се обезбеди системско регулирање на учеството на овие возила во сообраќајот и приход на средства кон буџетот и домашната економија во висина од 25 милиони евра кои ќе бидат наменети за проекти од интерес на граѓаните.

На оваа седница е разгледана и усвоена информацијата и извештајот во врска со активностите од првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

Врз основа на извештајот Владата донесе Одлука за избор на кандидатите „Акса Догалгас Дагити А.С.“ од Република Турција и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ исто така од Турција, согласно која до овие компании ќе се достави покана за учество во втората фаза на конкурентен дијалог, односно за учество во тендерската постапка до конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

На денешната седница Владата донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година со која се одобруваат средства во износ од 144.260.500,00 денари на 89 јавни комунални претпријатија членки на АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги за Република Северна Македонија како мерка од Програмата за справување со KOВИД-19 кризата како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата членки на АДКОМ – Здружението на даватели на комунални услуги за Република Северна Македонија.

На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата денеска донесе Одлука за распределба на средства обезбедени во потпрограма 20-Сообраќај и комуникации, ставка 488-Капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во износ од 74.500.000,00 денари.

Овие средства се распределуваат за реализација на следните капитални проекти: Реконструкција на Булевар Благоја Тоска, општина Тетово – 29.500.000,00 денари; Изградба на кружни текови на Булевар Теодосие Паунов, општина Кочани – 6.000.000,00 денари; Реконструкција на улица Илинска, општина Центар Жупа – 4.000.000,00 денари; Изградба на конзоли за пешаци, општина Штип – 9.000.000,00 денари; Изградба на кружен тек Момин Поток, Град Скопје – 5.000.000,00 денари; Почеток на мост, Карпош 4, до улица Скупи, Град Скопје – 4.000.000,00 денари; Реконструкција на пат Чалакли Татарник, општина Валандово – 4.000.000,00 денари; Реконструкција на улица Први Мај, општина Прилеп – 6.000.000,00 денари; и реставрација на мост во с. Уланци, општина Градско – 1.000.000,00 денари.

Владата донесе одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во износ од 46.170.000,00 денари за реализација на следните проекти: Изградба на водоснабдителен систем во Мала Речица, општина Тетово – 6.170.000,00; Изградба на канализација за Бурови Варим Бојанов Дол, општина Крива Паланка – 6.000.000,00 денари; Препораки од УНЕСКО за градби во Охрид – 6.000.000,00 денари; Изградба на канализациона мрежа во Фурка, општина Дојран – 5.000.000,00 денари; Изградба на канализација во општина Демир Капија – 2.000.000,00 денари; и за изградба на канализација во општина Сарај – 10.000.000,00 денари.

На оваа седница е утврден текстот на Предлог-законот за трговија со цел да се обезбеди превенција и зајакнување на заштитата на здравјето на населението од ширењето на вирусот KOВИД-19 во услови на вршење трговија на мало.

Измените во законот за трговија се потребни за да се продолжат да важат мерките кои беа предвидени со Уредбата со законска сила според која трговците на мало во услови на пандемија се должни да постават ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред во објектот, да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, како и други мерки, а имајќи предвид дека истекува важноста на оваа Уредба.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување на процес на Кодификација на правото во Репупблика Северна Македонија и го задолжи Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија да спроведе постапка за јавна набавка на софтвер и софтверско решение со кој што ќе се изврши кодификација на правото во Република Северна Македонија.

За оваа цел, Владата ги задолжи Министерство за правда, Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, а се препорачува на Собранието на Република Северна Македонија, државните универзитети, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“, Универзитет “Св.Климент Охридски“, Универзитет “Гоце Делчев“ и Државен универзитет во Тетово, од областа на правото -во рамки на своите Правни факултети, во рок од 5 дена да номинираат по еден претставник до Министерсто за правда, со цел формирање на оперативна работна група.

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање.

Целта на Законот за Агенција за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста на Агенција за разузнавање, согласно постојниот закон. Во новиот закон за Агенцијата за разузнавање, јасно е дефинирана надлежноста на Агенцијата да собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и информации од странство, кои се од значење за безбедноста, одбраната, надворешно – политичките интереси на Република Северна Македонија.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за подготовка на Мастер план на Република Северна Македонија во рамките на регионалниот ИПА проект „Регионална поддршка за управувањето со сензитивната миграција во делот на Западен Балкан и Турција – фаза 2“, и ги овласти министерот за внатрешни работи.

Оливер Спасовски и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, веднаш да го потпишат писмото до Европската Комисија со кое што ќе се изрази интерес за започнување на фаза 2, насочена конкретно кон Република Северна Македонија и со изразена посветеност да се продолжи кон фаза 3, т.е операционализација на ИТ системот.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот декември 2020 – декември 2022 за потребите на населението на Република Северна Македонија.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2020 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2020 година.

Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.11.2020 година (четврток);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27.11.2020 година (петок);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.11.2020 година (понеделник), и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2020 година (вторник).

На денешната седница Владата на Северна Македонија го именуваше Мухамед Зекири за генерален секретар на Владата.

Владата денеска ги донесе и следните кадровски решенија:

1. Амет Аџиу да го разреши од должноста в.д. директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола.

2. Осман Шукриу да го именува за директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола. (На 23.11.2020 г. НП Пелистер достави Одлука бр. 02-212/4 од 17.11.2020 г. на Управниот одбор, кој во постапка спроведена по објавен јавен оглас за директор е избран Осман Шукриу).

3. Трајче Ангеловски, да го разреши од должноста член на Советот за јавно приватно партнерство, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси.

4. Елпида Младеновска, да ја разреши од должноста член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје, на нејзино барање (вработена во УЈП подрачно одделение Крива Паланка).

5. Ѓоко Талевски, да го разреши од должноста член на Управниот одбор претставник на основачот на ЈЗУ Клиничка bолница „д-р Трифун Пановски“ – Битола, на негово барање (поради судир на интереси именуван за државен правобранител за подрачје Битола).

6. Дејана Николова, да ја разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе стручeн работник од центарот за социјална работа, на нејзино барање, а за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе – стручeн работник од центарот за социјална работа да ја именува Катерина Сенева Конева.

7. Никола Камчев, да го разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, на негово барање (избран за нотар).

8. Веселин Стојчевски да го именува за член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ Битола-претставник на основачот (членот на УО Весна Грамосли е почината).

9. Ристо Пецов, да го именува за член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје.

10. Еран Куртиш да го именува за в.д. директор на Агенцијата за остварување на правата на заедници.

11. Со одлука на Владата на денешната седница Драгољуб Филипоски е отповикан од должноста член на Надзорниот одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, и за член на Надзорен одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, го избра Бинас Пајазити.

12. Владата донесе одлука Зоран Иванов да се разреши од должноста член на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”- Скопје, во државна сопственост.

13. Владата даде согласност на одлуката на УО на ПИОМ за изборот на Шаип Зендели заменик директор на оваа институција

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Груевски и Боркица со изјава: Бесрамно се насладуваат на лагите пуштени во јавноста

Одгласите по последната аудио снимка од разговор за време на ручек во струмички хотелски ресторан помеѓу Зоран Заев и Александар Верушевски, се уште не...

Овие се најопасните хороскопски знаци: Не ги предизвикувајте

Овие се „најопасните“ хороскопски знаци: Не ги предизвикувајте Секој хороскопски знак си има своја „темна“ страна, сепак, некои знаци од Зодијакот се сметаат за навистина...

Д-Р ЛАЗАРОВ РАСПАЛИ: СЕ ЗАЦРНИЈА ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЛУДАЦИ ЕДНИ, ЈЕАЛЕ ВЕ KАФАНИ

Се распадна општеството во скоро секој сегмент, економски колабираме, образованието е суспендирано а медицинарите се фрлени во оган веќе година дена без пауза, лек...

Kолку долго се чува свeтата вода: Еве што треба да направите со неа после Водици

Прочитај повеќе во продолжение За време на вчерашниот ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со старата света...

Нов силен земјотрес : Овој пат во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија. Според веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според...
- Advertisement -