fbpx
1 C
Skopje

Швеѓаните повторно шоkирaa со короната: Вирусот нема да го победи само вакцината, ќе биде потребно и ова

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Швеѓаните и Шведска како држава беа едни од ретките земји во светот каде што уште од самиот почеток на коронакризата не беа донесени радикални мерки или рестрикции. Наместо тоа, тие станаа популарни по опуштената политика во борбата против Ковид-19. Отворени барови, ресторани, училишта, факултети, никакви ограничувања околу движењето. Сето ова е реалноста во која живее секој еден граѓанин во Шведска.

Шефот на шведската агенција за јавно здравје, Јохан Карлсон, изјавил дека пандемијата на коронавирусот нема да запре само со вакцина, туку дека во догледно време ќе мора да останат на сила превентивни мерки.

Идната вакцина ‘веројатно ќе биде значајна алатка’, но и средство кое претставува конечно решение на проблемот, рекол Карлсон, чија земја се одлучила за контроверзниот модел според кој голем дел од општеството беше поштеден од мерките против епидемијата.

Како што наведува „AP“, шведската министерка за социјални прашања, Лена Халенгрен, изјавила дека идната вакцина против Ковид-19, како приоритетна група, треба да ја примаат луѓето постари од 70 години, припадниците на ризичните групи, како и медицинскиот персонал и негователите.

Инаку, Шведска е една од земјите во кои беа применети интересни методи односно мерки со цел да се спречи ширењето на заразата и потенцијалниот ризик од контакт меѓу повеќе лица. Имено, во шведската општина Упландс-Бро, во рамки на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, робот наречен Тенгаи прави интервјуа наместо експерти за човечки ресурси.

Роботот, развиен со помош на вештачка интелигенција во Кралскиот институт за технологија (КТХ), се користи за интервју за работа и во моментов може да спроведува интервјуа на вкупно 40 јазици.

Хавва Илхан, директорка за човечки ресурси во општината Упландс-Бро, изјави дека во 2019 година оваа институција за првпат спровела интервју за работа со помош на робот.

Според неа, тие во моментов користат три роботи за оваа намена.

Илхан истакна дека овие технолошки достигнувања се огромна можност не само во борбата против коронавирусот, туку и да се спречи дискриминацијата и непотизмот при вработување.

Претставник на СЗО смета дека сите држави треба да се угледаат на Шведска“

Еден од шесте специјални претставници на Светската здравствена организација (СЗО) за коронавирус, доктор Давид Набаро, го пофали пристапот на Шведска во борбата против пандемијата и рече дека тоа е модел што треба да го следат сите земји.

Говорејќи во радиоемисија во Нов Зеланд насловена „Меџик ток“, Набаро рече дека сите земји треба да се стремат да се борат против вирусот врз основа на однесување кое е прифатено насекаде, пренесува „Блумберг“.

Тој додаде дека клучот за успешна борба против коронавирусот е довербата и ја посочи Шведска како најдобар пример.

Шведска никогаш не воведе строги ограничувања и карантин како повеќето земји во светот, но се потпира на фактот дека граѓаните ќе се однесуваат одговорно и ќе ги следат упатствата на надлежните здравствени власти.

„Во Шведска, владата имаше доверба во граѓаните, а граѓаните во владата“, објасни Набаро.

Стапката на смртност од коронавирус во Шведска е сè уште повисока отколку во многу земји, со 57 смртни случаи на 100.000 жители. Сепак, стапката на раст на нови случаи и на нови починати значително забави од крајот на јуни. Здравствените власти затоа предложија да се зголеми бројот на луѓе дозволен на јавни собири од 50 на 500, пишува „Блумберг“.

Од друга страна, многу влади ширум светот повторно воведуваат построги мерки поради зголемениот број нови случаи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Најнова вест: Британскиот сој на коронавирусот регистриран во Македонија

Од Министерството за здравство информираат дека денес при при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика...

Раkoт вљубен и посесивен, таjни непријатeли саkaaт да му наштетат на лавот

Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува успех во областите врзани со хуминитарна или уметнички дела. Бракот е стабилен. Брачниот партнер разбира дека...

Германија воведе нови построги правила за влез

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез...

Несекојдневна сообракајka во Скопје: Велпсипедист преазил пешаk, па избегал

Во текот на вчерашниот ден во 14: 10 часот во Скопје на улица „50-та Дивизија“ велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило...

Кои хороскопски знаци се најкомпатибилни?

Одредени карактеристики од хороскопските знаци ни кажуваат на кој начин ќе функционираат два знаци во една врска па затоа тие можат да бидат корисни...
- Advertisement -