Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, не бира зборови, коментирајќи ги настаните околу Јужното кинеско море, а во изминатите месеци во повеќе наврати го прозва Пекинг поради изградбата на островот и огромен воен комплекс во таа област, пишува Си-ен-ен.
Трамп вети дека ќе ја искористи економската моќ на САД за да го возврати ударот на Кина.
Изборот на Трамп за државен секретар, Рекс Тилерсон, рече дека кинеската милитаризација на вештачки острови во Јужното кинеско море е еднаква на руската окупација на полуостровот Крим. Тилерсон само ги пренесе гледиштата на многу аналитичари, кои сметаат дека претседателот Обама одговорил многу меко на политиката на Кина спрема Јужно кинеско море. Контроверзна е изјавата на Тилерсон во која напоменува дека на Кина треба да и се испрати јасен сигнал да престане со изградбата на островот.
Администрацијата на Трамп се подготвува за поостар став кон Кина во сите области. Трамп постојано говори за тоа дека Кина ги краде работните места во САД и сака да се пробие во нивните институции. Тој најави и поголемо присуство на американската војска во Пацификот.
Ако се анализира се што кажа Трамп, Кина ќе стане нестабилен партнер на САД во сите области. Последиците ќе бидат негативни за односите меѓу двете земји и може да доведе до несогласувања во важни прашања, заклучува Си- Ен-Eн.