fbpx
11 C
Skopje

СИ ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА: Денеска одекна тажна вест – животот го загуби пејачот Тозовац

АКТУЕЛНО

Познатиот пејач почиna на Воено-медицинската академија во Белград, а претходно се лекуваше во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“.

Предраг Живковиќ Тозовац последните неколку недели се лекуваше од вирусот ковид-19, а веста дека починал за „Блиц“ ја потврди неговиот кум Ратко Раѓеновиќ.

– За жал, тој не издржа, овој ковид целосно го уништи – изјавил Раѓеновиќ.

Познатиот пејач почина на Воено-медицинската академија во Белград, а претходно се лекуваше во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“.

Тозовац минатата недела даде изјава за медиумите, во која изјави дека се надева дека наскоро ќе ја напушти болницата и ќе го продолжи лекувањето дома.

– Јас сум многу подобар. Се подобрува, оди. Сè уште сум во болница, но се надевам дека наскоро ќе стигнам дома. Дај Боже, сè ќе биде како што треба. Мислам дека белите дробови ми се многу подобри – изјави тогаш Тозовац за „Телеграф.рс“.

За жал, тој ја загуби борбата против злобниот вирус.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -