Попладнево и вечерва како и утре особено попладнето и рано вечерта особено во западните, југозападните, локално во јужните и во источните предели како и во Скопскиот регион ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, стои во временската на Славчо Поповски.
Локално процесите можно е да бидат повторно застапени во форма на невреме проследено со интензинзивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град,
Инаку вчера (вторник) најмногу од Глорија беше погоден Штип каде за кратко време наврнаа дури околу 50 л/м2 воден талог а големото невреме беше проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Невремето веќе почна да беснее во делови на Македонија. На овие места е најкритично.