fbpx
34.8 C
Skopje

Синот на Пеле осуден на 13 години затвор поради „перење“ на пари

АКТУЕЛНО

Синот на поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец, популарниот Пеле, се предаде на полицијата откако судот одлучи дека мора да одслужи затворска казна од 13 до 33 години, изречена поради криумчарење со дрога и перење на пари.

Бившиот голман на клубот на Пеле, Сантош, Едињо (46) прогласен е за виновен за кривични дела во 2005 година. Судијата во четвртокот ја намали затворската казна на 12 години и 10 месеци, а Едињо се предаде на властите уште следниот ден.

„Јас сум апсолутно изреволтиран затоа што сум осуден за перење на пари, а тоа никогаш не сум го направил, нема ниту докази. Аргументот е тоа што сум бил пријател со други осудени, а тоа никогаш не го криев, но не се занимавав со перење на пари“, изјави Едињо.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -